За нас

Центарот за развој на Скопскиот плански регион е формиран според Законот за рамномерен регионален развој во Мај 2009 година. Седиштето на Центарот за развој е во Единицата на Локална самоуправа со најголем број на жители, односно општина Гази Баба.

Скопскиот плански регион зафаќа вкупна површина од 1812 км2 или 7% од територијата на Република Македонија. Овој регион опфаќа 17 општини и Градот Скопје како посебна единица на локалната самоуправа, односно 10 урбани општини кои се дел од градот Скопје и 7 рурални.

Неговата основна задача е јакнење на капацитетот на мрежите во локалната и руралната заедница, бизнис секторот, стимулирање на развојот на локално и регионално ниво, јакнење на принципот на jавно приватно партнерство и делување во насока на подигање на квалитетот на живеење.

Центарот за развој на скопскиот плански регион ги врши следните работи:

  • Изготвува предлог-програмата за развој на планскиот регион;
  • Подготвува предлог-проекти за развој на планскиот регион и за подрачјата со специфични развојни потреби;
  • Координира активностите поврзани со имплементацијата на Програмата за развој на планскиот регион и ги реализира проектите за развој на планскиот регион;
  • Обезбедува информации до заинтересираните страни за текот на реализацијата на Програмата за развој на планскиот регион и други прашања поврзани со регионалниот развој;
  • Обезбедува стручна и техничка помош за единиците на локалната самоуправа при подготовката на нивните програми за развој;
  • Обезбедува стручни услуги на здруженија на граѓани и други заинтересирани страни за подготовка на проекти од областа на регионалниот развој;
  • Поттикнување меѓу-општинската соработка во рамките на планскиот развој;
  • Спроведува проекти за поттикнување на развојот на планскиот регион, финансирани од фондовите на Европската унија и други меѓународни извори;
  • Врши промоција на развојните можности на планскиот регион
  • Врши стручни и административно-технички работи за потребите на советот за развој на планскиот регион.

Во рамките на Центарот за развој работи и регионалниот бизнис центар за МСП.

Регионален Бизнис Центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Скопскиот регион (РБЦ-СПР) претставува механизам кој ги вклучува јавниот, приватниот и невладиниот сектор во заедничка акција за севкупен регионален економски развој. Вака поставениот механизам ќе биде неформално тело воспоставено согласно Законот за рамномерен развој, поддржано од Советот за развој на Скопски плански регион односно 17 општини плус град Скопје.